Saturday, May 19, 2018

           Многу луѓе во светот , без разлика на нивата возраст, доаѓаат до проблеми со мрзеливоста. Токму поради тоа ние луѓето ја губиме надежта за исполнување на некоја потреба и потоа дури и забораваат на таа должност. Ваков пример ни кажува авторот Марко Цепенков со прекрасната приказна за момчето Силјан кој исто така бил мрзелив.
           Во животот имаме многу обврски. Ние може да ги завршиме ако имаме трпение и ако имаме надеж , ќе ги завршиме, но тука се јавува сериозен проблем поради нашиот непријател , мрзеливоста.

Анализа на ликот Стојанка

             Во драмското дело "Чорбаџи Теодос", се среќаваме со ликот Стојанка која е сиромашна и заљубена во Томче.
             Стојанка e вредна , млада и мила девојка која живеела со нејзините татко и тетка во лоши животни услови. Чорбаџискиот син Томче и Стојанка биле вљубени еден во друг но тие не смееле да се венчаат без дозвола бидејќи живееле во времето на патријархалното семејство а таткото на Томче , Теодос , што бил многу педантен и строг и наоѓал маани на секого , рекол дека Стојанка имала црно под ноктите.
              Според тоа како таа разговарала со Томче, е статичен лик , бидејќи наместо да се труди да го убеди Теодос, таа цело време се жалела и плачела со мислење дека работите ќе се средат.
              Останатите ликови Стојанка ја гледаат исто како и таа самата, девојка која лесно се откажува. Таа не била свесна за тоа како другите ликови ја гледаат ниту пак како таа самата се однесува спрема нив.
              Љубовта е слепа. Точно, но треба да се верува во поговорката "Надежта последна умира", затоа што ако силно веруваме во нешто тоа ќе се оствари , но ако брзо се откажеме и ја изгубиме надежта во себе, нема да биде како што ние сме посакале.
           

Tuesday, March 27, 2018

Дали е добро да си мрзелив?


           Многу луѓе во светот , без разлика на нивата возраст, доаѓаат до проблеми со мрзеливоста. Токму поради тоа ние луѓето ја губиме надежта за исполнување на некоја потреба и потоа дури и забораваат на таа должност. Ваков пример ни кажува авторот Марко Цепенков со прекрасната приказна за момчето Силјан кој исто така бил мрзелив.
           Во животот имаме многу обврски. Факт е дека во тоа се вложува некаков труд и акција во која треба да бидеме активни и да имаме надеж дека ќе ја завршиме дадената должност без никакви пречки ,но тука се јавува сериозен проблем поради нашиот непријател , а причината е мрзеливоста. Таа не спречува со тоа што ние психички се залажуваме со ме мрзи , неможам.
            Има многу други причини од кои зависи мрзеливоста кај луѓето. Една од нив е дека луѓето кои се мрзеливи затапуваат. Причината е тоа што речникот на луѓето е на ниско ниво и затоа тие треба да се посветат на книжевната уметност и авторите кои се психолози и ги пишуваат своите мислења од последиците на нивните пациенти. Исто така тие не се креативни во своите идеи и ставови за одредена работа.
             Од друга страна депресијата исто така е последица од мрзеливоста.  Таа  не тера да размислуваме посесивно и да станеме бесимисти. Поради тоа мрзеливците не се во состојба да комуницираат со нивните пријатели, не споделуваат мислења и не размислуваат како останатите луѓе т.е. оптимистите. Втората причина е стравот, поради кои тие се затвораат во себе и по цели денови не се слуша нивниот глас во нивната околина во која се наоѓаат.
          Според мене не е добро да си мрзелив бидејќи тие нема на време да си ги завршуваат своите  должности и нема да имамаат  успех во својот живот.

Monday, February 12, 2018

"Прва љубов" - Иван С. Тургенев

1. Фабула         
          Во оваа лектира се зборува за едно 16-годишно момче кое прв пат се вљубува во една 21-годишна девојка. Дејството е насочено кога тие се на една забава, седат заедно четворица другари кои треба да раскажат за својата прва љубов.Едниот од нив е Владимир.Кога  доаѓа на ред да ја раскаже својата приказна ,тој дава предлог да ја напише во тетратка бидејќи била долга а тој не бил добар наратор.
Останатите се согласуваат.По извесен временски пероид ,Владимир го прочитал текстот што го напишал во тетратката и се потсетувал на убавите спомени за својата прва љубов.
                                  
2. Кратко сценарио
  • Настан

22 Глава
Владимир  раскажува за неговото минато,за неговата трагично завршена љубовна средба, поточно за случајната средба  која уште пред да се случи дознава за трагичната смрт на својата стара и голема љубов принцезата  Зинаида од неговото минато.
       

  • Ликови
- Владимир, Маиданов и принцезата Зинаида.


  • Судир
Владимир дознава дека по породувањето, Зинаида умира. Во меѓувреме се сеќава на смртта на својот татко.


  • Чувства 
Владимир - возбуден, тажен, исцрпен, збунет. Маиданов - збунет, исплашен, тажен. Г-ѓа Долски - среќна, возбудена, исцрпена.

Monday, January 1, 2018

Морате да бидете промената која сакате да ја видите во светот.

           

                                 "Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах



           Џонатан е различен галеб од останатите во јатото. За повеќето галеби најважно е исхранувањето во текот на денот,но за Џонатан, тоа не е доволно. Бил одлучен да научи совршено да лета. Бунтовник кој имал возвишена цел во животот. Наместо едноставно летање за да се најде храна околу бродовите, тој имал поразлично разбирање за животот. 

           Да се издигне над незнаењето, да се пронајде како суштество на совршенство, интелигенција и вештина, тоа за него е нешто што има најголема смисла. Идејата која го води во животот е идеја за слободата, слобода која сака да ја достигне преку совршенството на летањето. Не се двоуми ни пред советите на татка си кој упорно го тера да се откаже од неговите соништа. Тој притисок можеби за кратко го тера да се замисли и да почне да се однесува како останатите галеби, но тоа е нешто што се случува само за кратко, за да после одеднаш се враќа на своите желби, соништа и стремежи. Неговиот свет е летањето, вивнувањето во височините, пируетите, свртувањата, понирањето со огромна брзина, бавното ниско летање, освојувањето на далечните пространства. Неговиот свет е исполнет со секојдневно експериментирање во височините, со стремежи за достигнување на поголема брзина и подобро летање. Неуспесите не го обесхрабруваат, туку го водат да размислува поинаку. Да вежба понапорно и со поголема посветеност.

Thursday, December 21, 2017

"Бескрајна приказна"- Михаил Енде

                                                  "Бескрајна приказна"- Михаил Енде

             Бескрајна приказна е роман на Михаил Енде кој е публикуван во Германија. Според овој роман направен е и филм кој го носи истиот наслов. Во овој роман се зборува за една необична книга која Бастијан ќе ја украде од училишната библиотека/антикварница.

             Бастијан Балтазар е десет-единаесет годишно момче со темнокостенлива коса.  Дејството започнува кога Бастијан влегува во антикварницата бидејќи тој бегал од своите другари кои го навредувале викајќи му лажго, занесен и фалбаџија. Г-дин Карл Конрад Кореандер бил библиотекар. Додека тој зборувал на телефон Бастијан ја украл книгата Бескрајна приказна, отишол на таванот и почнал да ја чита. Во книгата се зборело за детската царица била болна и лежела во Кулата на Слоновата коска. Се барал доктор кој ќе и помогне. Кентаурот Каирон (со глава на човек и тело на коњ) предложил медалјонот на царицата Аурин да го доделат на трагачот Атреј, кој бил момче ловец на бизони кај зеленокошците, во Тревното море зад Сребрените планини. Ујулала-пророчица знаела како да се спаси „Фантазија“. Чудовиштето „Играмул“ (рој инсекти) го слушнало гласот на Бастијан и го каснал Атреј и змејот  на среќата Фухур бидејќи  само  така можеле да стигнат 10000 години кај Ујулала. Таа живеела позади три врати, 1-та ја чувале две сфинги кои скаменувале се, 2-та одраз на огледало во кое Атреј го видел Бастијан и 3-та Бастијан со повик го убедил Атреј да влезе. Така Ујулала кажала дека само дете од реалниот свет кое ќе влезе во фантазија може да ја спаси неа и „Фантазија.
                 Врвот на чувствата се случува кога Бастијан се нашол во другиот свет, во Кулата и ја нарекол царицата „Месечево дете“. Таа била како девојче на десет години, златокоса, сјајна, коса која и паѓала на рамена, нежна и кревка „господарка на желбите“. Бастијан се пронашол очи во очи со неа и таа му го подарила  медалјонот Аурин за да му ги исполни сите желби. Бастијан посакал да стане јунак да се бори со Граограман , страшниот лав кој му го  подарил  мечот„Сиканда“. 
                   Пресвртот(перипетија)почнува кога пророчицата Ксаида која го натерала Бастијан да влезе во борба со Атреј. Бастијан на сила го употребил мечот  и го ранил Атреј кој морал да се повлече со змејот на среќата Фухур. Бастијан станал силен витез кој победил на турнирот кај сребрениот град Амаргант.        

                 Расплетот почнува  кога Атреј неочекувано го спасил Бастијан кај старецот Јон во рудникот на изгубени слики каде имало многу заборавени детски цареви кои не го знаеле своето име, а го имале медалјонот Аурин. Атреј му помогнал на Бастијан да ја најде светата вода кај двете змии на медалјонот и да се врати во својот свет. Бастијан враќајќи се во  својот свет се симнал од таванот на училиштето и му раскажал се на татко му. Но книгата ја снемало, од старецот Кореандер во антикварницата  Бастијан добил одговор дека таква книга никогаш не постоела дека таа е во неговата фантазија, а детската царица пак ке ја види ако и даде ново име.  
                 Од сето ова можеме да заклучиме дека сите ние имаме своја фантазија , но таа можеме и да ја заборавиме. Таа ќе остане во нашите мисли доколку ја именуваме со што ќе не потсетува на неа.

Sunday, November 19, 2017

"Повикот на дивината" - Џек Лондон

              Повикот на дивината е еден вид прозна поема во која централна тема е митот на едно кученце кое успеало да преживее во многу настани во кои тоа можело да го изгуби својот живот. Бак живеел на голем и богат имот во една голема куќа, во сончевата долина на Санта Клара. Тоа беше имотот на судијата Милер. Бак беше како господар на имотот. Тој на овој имот живееше четири години.   Подоцна ќе промени неколку сопственици кои ќе бидат во потрага по богатство, а неговата работа е да ги влече тешките санки. Интересно е тоа што кај него се буди она нешто кое тој претходно не го чувствувал.

          Станува збор за одличен и безвременски роман во кој постојано ќе се соочувате со Бак, а на секоја наредна страница ќе се радувате за него. Тој ќе запознае многу кучиња, од кои повеќето ќе бидат непријателски настроени. Ќе преживее неколку напади од такви кучиња, и ќе биде приморан да го убие кучето Шпиц. Ќе стане главен над сите кучиња и ќе воведува мир помеѓу нив. Ќе издржи и кога скоро сите негови пријатели ќе умрат од глад.  

         Во овој нов свет Бак се соочувал со секакви проблеми во кои самиот наоѓал решение. Се соочувал со секакви настани со кои досега не се сретнал, на пример тој кога го донеле во Алјаска бил купен од Перо, сопственик на група кучиња кои влечеле санки. Бак се борел со тие кучиња за престол. По неколку борби тој успеал да победи. Што е најважно тој никогаш не се откажал. Тој многу се променил откако го киднапирале. Претходно тој бил нормално овчарско куче кое живеело спокојно во една вила. Кога го киднапирале тој станал поопасен, нападен, суров.

         Бак бил упорен, храбар, бестрашен кој успеал да се справи со поларните кучиња и хаските , кои често го напаѓале. Тие кучиња кои биле пораснати таму умирале од глад и студ во споредба со Бак кој го надминал сето тоа и дури и тој кога се борел со тие кучиња ги искористувал и последните сили не се откажувал така лесно , бил храбар и бестрашен. После сите тие настани тој го стекнал најдобриот пријател меѓу сите тие поларни кучиња. Неговиот најдобар пријател се викал Џон Тортон. Тој поминува многу време со Бак но подоцна за време на еден напад од Индијанците Бак го губи својот најдобар пријател Џон Тортон. Бак успеал да се спаси од нападот и се обидел да го спаси и Тортон но не успеал. Многу тагувал. После овој настан Бак станува водич на глутница волци со црни муцки кои се бореле со овчарските кучиња и најхрабрите ловци.

        На крајот, Бак,  конечно си го наоѓа својот дом. Местото каде што треба да живее, под поларните сончеви зраци, во густите шуми со сојот на шумските волци. Секако на Бак му било тешко кога му се враќаше сликата на големата вила на судијата Милер, во сончевите зраци на Санта Клара, играта со децата на неговиот сопственик, прифаќаји ја суровата реалност за преживување. Авторот Џек Лондон, со овој прекрасен роман богат ритам на авантуристичност и суровост, сака да ни каже дека дури и да си го смениме местото на живеење, да одиме до другиот крај на светот, ние сепак ќе тагуваме за нашата незаборавна природа од каде што потекнуваме.