Wednesday, October 18, 2017

СЕРДАРОТ - ГРИГОР ПРЛИЧЕВ


                         Сердарот (Ο Αρμάτωλος) - Григор Прличев

             Сердарот е историско јуначка поема, балада што ги опишува страданијата од југо-источна Македонија од репресалиште на Гегите и неговата вечна борба и стремеж за слобода. Оваа поема била напишана на грчки јазик , бидејќи во тоа време Прличев ја пријавил на конкурс за најдобра поема во Атина. Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.

              Поемата започнува со една типична словенска антитеза, преу која се најавува една трагедија: смртта на јунакот Кузман. Поетот со извонредно мајсторство ги воведува четворицата Албанци што го носат неговото мртво тело и кои раскажуваат за погибијата на нивниот прогонител Кузман. Тој расказ секако се дополнува со тажанката на Неда која дооткрива ликот на овој легендарен јунак. Па сепак , и покрај извонредно извајаниот  лик на Кузман Капидан , во поемата тој не е главна личност. Тоа ќе биде Неда , неговата мајка. Таа е романтизирана личност, силен карактер , богата со чувства, слободољубива и справедлива, нежна и борбена , личност што ја соединува несреќата со страсната желба за слобода и справедливост.

              Со особено мајсторство и хомеровски дух, Прличев ги наслиал ликовите во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини.  Неда е централен лик во поемата. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие атрибути, таа е сепак мајка, чивствителна , која безмерно го љуби своето дете. Нејзиниот плач и крик е мајчин, зашто нема поголема болка од смртта на своето дете.

              Кузман е синот на Неда и нејзин продолжеток на својот татко , борец ист како него. Кузман е лик кој во ова дело го знаеме како јунак кој храбро загинал во војна. Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Зачтитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат човечките особини како љубовта и почитта кон мајката како љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство. Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши , немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население.

             Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), Во неа мотивот и градбата на стиховите се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености – сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.Содржина„Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата.