Saturday, May 19, 2018

           Многу луѓе во светот , без разлика на нивата возраст, доаѓаат до проблеми со мрзеливоста. Токму поради тоа ние луѓето ја губиме надежта за исполнување на некоја потреба и потоа дури и забораваат на таа должност. Ваков пример ни кажува авторот Марко Цепенков со прекрасната приказна за момчето Силјан кој исто така бил мрзелив.
           Во животот имаме многу обврски. Ние може да ги завршиме ако имаме трпение и ако имаме надеж , ќе ги завршиме, но тука се јавува сериозен проблем поради нашиот непријател , мрзеливоста.

Анализа на ликот Стојанка

             Во драмското дело "Чорбаџи Теодос", се среќаваме со ликот Стојанка која е сиромашна и заљубена во Томче.
             Стојанка e вредна , млада и мила девојка која живеела со нејзините татко и тетка во лоши животни услови. Чорбаџискиот син Томче и Стојанка биле вљубени еден во друг но тие не смееле да се венчаат без дозвола бидејќи живееле во времето на патријархалното семејство а таткото на Томче , Теодос , што бил многу педантен и строг и наоѓал маани на секого , рекол дека Стојанка имала црно под ноктите.
              Според тоа како таа разговарала со Томче, е статичен лик , бидејќи наместо да се труди да го убеди Теодос, таа цело време се жалела и плачела со мислење дека работите ќе се средат.
              Останатите ликови Стојанка ја гледаат исто како и таа самата, девојка која лесно се откажува. Таа не била свесна за тоа како другите ликови ја гледаат ниту пак како таа самата се однесува спрема нив.
              Љубовта е слепа. Точно, но треба да се верува во поговорката "Надежта последна умира", затоа што ако силно веруваме во нешто тоа ќе се оствари , но ако брзо се откажеме и ја изгубиме надежта во себе, нема да биде како што ние сме посакале.
           

Tuesday, March 27, 2018

Дали е добро да си мрзелив?


           Многу луѓе во светот , без разлика на нивата возраст, доаѓаат до проблеми со мрзеливоста. Токму поради тоа ние луѓето ја губиме надежта за исполнување на некоја потреба и потоа дури и забораваат на таа должност. Ваков пример ни кажува авторот Марко Цепенков со прекрасната приказна за момчето Силјан кој исто така бил мрзелив.
           Во животот имаме многу обврски. Факт е дека во тоа се вложува некаков труд и акција во која треба да бидеме активни и да имаме надеж дека ќе ја завршиме дадената должност без никакви пречки ,но тука се јавува сериозен проблем поради нашиот непријател , а причината е мрзеливоста. Таа не спречува со тоа што ние психички се залажуваме со ме мрзи , неможам.
            Има многу други причини од кои зависи мрзеливоста кај луѓето. Една од нив е дека луѓето кои се мрзеливи затапуваат. Причината е тоа што речникот на луѓето е на ниско ниво и затоа тие треба да се посветат на книжевната уметност и авторите кои се психолози и ги пишуваат своите мислења од последиците на нивните пациенти. Исто така тие не се креативни во своите идеи и ставови за одредена работа.
             Од друга страна депресијата исто така е последица од мрзеливоста.  Таа  не тера да размислуваме посесивно и да станеме бесимисти. Поради тоа мрзеливците не се во состојба да комуницираат со нивните пријатели, не споделуваат мислења и не размислуваат како останатите луѓе т.е. оптимистите. Втората причина е стравот, поради кои тие се затвораат во себе и по цели денови не се слуша нивниот глас во нивната околина во која се наоѓаат.
          Според мене не е добро да си мрзелив бидејќи тие нема на време да си ги завршуваат своите  должности и нема да имамаат  успех во својот живот.

Monday, February 12, 2018

"Прва љубов" - Иван С. Тургенев

1. Фабула         
          Во оваа лектира се зборува за едно 16-годишно момче кое прв пат се вљубува во една 21-годишна девојка. Дејството е насочено кога тие се на една забава, седат заедно четворица другари кои треба да раскажат за својата прва љубов.Едниот од нив е Владимир.Кога  доаѓа на ред да ја раскаже својата приказна ,тој дава предлог да ја напише во тетратка бидејќи била долга а тој не бил добар наратор.
Останатите се согласуваат.По извесен временски пероид ,Владимир го прочитал текстот што го напишал во тетратката и се потсетувал на убавите спомени за својата прва љубов.
                                  
2. Кратко сценарио
  • Настан

22 Глава
Владимир  раскажува за неговото минато,за неговата трагично завршена љубовна средба, поточно за случајната средба  која уште пред да се случи дознава за трагичната смрт на својата стара и голема љубов принцезата  Зинаида од неговото минато.
       

  • Ликови
- Владимир, Маиданов и принцезата Зинаида.


  • Судир
Владимир дознава дека по породувањето, Зинаида умира. Во меѓувреме се сеќава на смртта на својот татко.


  • Чувства 
Владимир - возбуден, тажен, исцрпен, збунет. Маиданов - збунет, исплашен, тажен. Г-ѓа Долски - среќна, возбудена, исцрпена.

Monday, January 1, 2018

Морате да бидете промената која сакате да ја видите во светот.

           

                                 "Галебот Џонатан Ливингстон" - Ричард Бах



           Џонатан е различен галеб од останатите во јатото. За повеќето галеби најважно е исхранувањето во текот на денот,но за Џонатан, тоа не е доволно. Бил одлучен да научи совршено да лета. Бунтовник кој имал возвишена цел во животот. Наместо едноставно летање за да се најде храна околу бродовите, тој имал поразлично разбирање за животот. 

           Да се издигне над незнаењето, да се пронајде како суштество на совршенство, интелигенција и вештина, тоа за него е нешто што има најголема смисла. Идејата која го води во животот е идеја за слободата, слобода која сака да ја достигне преку совршенството на летањето. Не се двоуми ни пред советите на татка си кој упорно го тера да се откаже од неговите соништа. Тој притисок можеби за кратко го тера да се замисли и да почне да се однесува како останатите галеби, но тоа е нешто што се случува само за кратко, за да после одеднаш се враќа на своите желби, соништа и стремежи. Неговиот свет е летањето, вивнувањето во височините, пируетите, свртувањата, понирањето со огромна брзина, бавното ниско летање, освојувањето на далечните пространства. Неговиот свет е исполнет со секојдневно експериментирање во височините, со стремежи за достигнување на поголема брзина и подобро летање. Неуспесите не го обесхрабруваат, туку го водат да размислува поинаку. Да вежба понапорно и со поголема посветеност.