Многу луѓе во светот , без разлика на нивата возраст, доаѓаат до
проблеми со мрзеливоста. Токму поради тоа ние луѓето ја губиме надежта за
исполнување на некоја потреба и потоа дури и забораваат на таа должност. Ваков
пример ни кажува авторот Марко Цепенков со прекрасната приказна за момчето
Силјан кој исто така бил мрзелив.
Во животот имаме многу обврски. Факт е дека
во тоа се вложува некаков труд и акција во која треба да бидеме активни и да
имаме надеж дека ќе ја завршиме дадената должност без никакви пречки ,но тука се јавува сериозен проблем поради
нашиот непријател , а причината е мрзеливоста. Таа не спречува со тоа што ние психички се
залажуваме со “ме мрзи ,
неможам”.
Има многу други причини од кои
зависи мрзеливоста кај луѓето. Една од нив е дека луѓето кои се мрзеливи
затапуваат. Причината е тоа што речникот на луѓето е на ниско ниво и затоа тие
треба да се посветат на книжевната уметност и авторите кои се психолози и ги
пишуваат своите мислења од последиците на нивните пациенти. Исто така тие не се
креативни во своите идеи и ставови за одредена работа.
Од друга страна депресијата исто
така е последица од мрзеливоста. Таа не
тера да размислуваме посесивно и да станеме бесимисти. Поради тоа мрзеливците не се во
состојба да комуницираат со нивните пријатели, не споделуваат мислења и не
размислуваат како останатите луѓе т.е. оптимистите. Втората причина е стравот,
поради кои тие се затвораат во себе и по цели денови не се слуша нивниот глас
во нивната околина во која се наоѓаат.
Според мене не е добро да си мрзелив
бидејќи тие нема на време да си ги завршуваат своите должности и нема да имамаат успех во својот живот.