Бескрајна приказна
е роман на Михаил Енде кој е публикуван во Германија. Според овој роман
направен е и филм кој го носи истиот наслов. Во овој роман се зборува за една
необична книга која Бастијан ќе ја украде од училишната библиотека/антикварница.
Бастијан Балтазар
е десет-единаесет годишно момче со темнокостенлива коса. Дејството започнува кога Бастијан влегува во антикварницата
бидејќи тој бегал од своите другари кои го навредувале викајќи му лажго, занесен
и фалбаџија. Г-дин Карл Конрад Кореандер бил
библиотекар. Додека тој зборувал на телефон Бастијан ја украл книгата “Бескрајна
приказна” , отишол
на таванот и почнал да ја чита. Во книгата се зборело за детската царица била
болна и лежела во Кулата на Слоновата коска. Се барал доктор кој ќе и помогне. Кентаурот
Каирон (со глава на човек и тело на коњ) предложил медалјонот на царицата
Аурин да го доделат на трагачот Атреј, кој бил момче ловец на бизони кај
зеленокошците, во Тревното море зад Сребрените планини. Ујулала-пророчица
знаела како да се спаси „Фантазија“. Чудовиштето „Играмул“ (рој инсекти) го
слушнало гласот на Бастијан и го каснал Атреј и змејот на среќата Фухур
бидејќи само така можеле да
стигнат 10000 години кај Ујулала. Таа живеела позади три врати, 1-та ја чувале
две сфинги кои скаменувале се, 2-та одраз на огледало во кое Атреј го видел
Бастијан и 3-та Бастијан со повик го убедил Атреј да влезе. Така Ујулала кажала
дека само дете од реалниот свет кое ќе влезе во фантазија може да ја спаси неа
и „Фантазија”.
Врвот на чувствата се случува
кога Бастијан се нашол во другиот свет, во Кулата и ја нарекол царицата
„Месечево дете“. Таа била како девојче на десет години, златокоса, сјајна, коса
која и паѓала на рамена, нежна и кревка „господарка на желбите“. Бастијан се
пронашол очи во очи со неа и таа му го подарила медалјонот Аурин за да му
ги исполни сите желби. Бастијан посакал да стане јунак да се бори со Граограман
, страшниот лав кој му го подарил мечот„Сиканда“.
Пресвртот(перипетија)почнува кога пророчицата Ксаида која го
натерала Бастијан да влезе во борба со Атреј. Бастијан на сила го употребил
мечот и го ранил Атреј кој морал да се
повлече со змејот на среќата Фухур. Бастијан станал силен витез кој победил на
турнирот кај сребрениот град Амаргант.
Расплетот почнува кога
Атреј неочекувано го спасил Бастијан кај старецот Јон во рудникот на изгубени слики
каде имало многу заборавени детски цареви кои не го знаеле своето име, а го
имале медалјонот Аурин. Атреј му помогнал на Бастијан да ја најде светата вода
кај двете змии на медалјонот и да се врати во својот свет. Бастијан враќајќи се
во својот свет се симнал од таванот на училиштето и му раскажал се на
татко му. Но книгата ја снемало, од старецот Кореандер во антикварницата
Бастијан добил одговор дека таква книга никогаш не постоела дека таа е во
неговата фантазија, а детската царица пак ке ја види ако и даде ново име.
Од сето ова можеме да заклучиме дека сите ние имаме своја фантазија , но
таа можеме и да ја заборавиме. Таа ќе остане во нашите мисли доколку ја
именуваме со што ќе не потсетува на неа.