Sunday, November 5, 2017

Хомер "Илијада"

                                                                 Илијада- Хомер

Хомер е грчки поет и традиционално славен како автор на големите грчки епови „Илијада“ и Одисеја. Според традицијата, Хомер е слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место, но инаку неговата биографија е празна. Не се знае точно кога живеел.Немаме точни информации за животот на Хомер,  додека други древни извори велат дека живеел во времето на Тројанската војна, на почеток на XII век п.н.е.
 Прифатено е дека „Илијада“ и „Одисеја“ се создадени околу 8 век п.н.е., односно „Одисеја“ неколку децении подоцна. Постојано се води дебата околу тоа дали истиот поет е автор и на „Илијада“ и „Одисеја“; а за останатите дела мнозинството се согласува дека се напишани подоцна.

„Илијадата е епопеја односно најголемо епско дело во стихови. Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот Троја.Поводот за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај од страна на Парис. Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита.Причина за оваа војна било богатството на градот Троја кое било примамливо за Ахајците.Војната ја започнале ахајските владетели Агамемнон, Менелај, Ахил, Одисеј, за да се одмаздат за грабнувањето на Елена. Оваа војна траела десет години. И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена.

Стилот на Хомер е реалистичен при описот на борбите, јавниот живот, семејните односи, домашните занимања, на предметите, животните, итн., испреплетен со фантастични елементи од митологијата (боговите). Епското спокојство во раскажувањето како и богатството на стилски фигури ја креваат епопејата на многу високо уметничко ниво. Двојните епитети се одлика на хомеровскиот стил. Секој лик го  красат специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така, Ахил е брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев; Зевс е громобиецот, премудриот, громовникот, облакоберецот; Агамемнон е силниот, јуначкиот, големиот, пресилниот цар и великиот водач; Хера е белолакта, златостолна; Атина- сјајноока; Аполон е сребренолак, далекуметен, Фојб (светол); Арес е човекоморец, мажоморец, градобиец; Афродита е насмешлива (весела); Артемида е стрелометна; Хектор е коњокротец, сјајношлемец итн. Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн.
 „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски настан (Тројанската војна).
    Извадок од VI песна („Разделбата на Хектор и Андромаха“)
            Ај, кажете ми мене по правина слугинки мои
            кај пошла од дома зар Андромаха белолакта сега?
            Дали до своите золви и јатрви стокмени добро,
            или до храмот Атенин си отишла, кај што и други
            многу краснокоси Тројки ја молат божицата страшна.


No comments:

Post a Comment