Повикот на дивината е еден вид прозна
поема во која централна тема е митот на едно кученце кое успеало да преживее во
многу настани во кои тоа можело да го изгуби својот живот. Бак
живеел на голем и богат имот во една голема куќа, во сончевата долина на Санта
Клара. Тоа беше имотот на судијата Милер. Бак беше како господар на имотот. Тој
на овој имот живееше четири години. Подоцна ќе промени неколку сопственици кои ќе
бидат во потрага по богатство, а неговата работа е да ги влече тешките санки.
Интересно е тоа што кај него се буди она нешто кое тој претходно не го
чувствувал.
Станува
збор за одличен и безвременски роман во кој постојано ќе се соочувате со Бак, а
на секоја наредна страница ќе се радувате за него. Тој ќе запознае многу кучиња, од кои
повеќето ќе бидат непријателски настроени. Ќе преживее неколку напади од такви
кучиња, и ќе биде приморан да го убие кучето Шпиц. Ќе стане главен над сите
кучиња и ќе воведува мир помеѓу нив. Ќе издржи и кога скоро сите негови пријатели ќе умрат од
глад.
Во овој нов свет Бак се соочувал со секакви проблеми
во кои самиот наоѓал решение. Се соочувал со секакви настани со кои досега не
се сретнал, на пример тој кога го донеле во Алјаска бил купен од Перо,
сопственик на група кучиња кои влечеле санки. Бак се борел со тие кучиња за
престол. По неколку борби тој успеал да победи. Што е најважно тој никогаш не
се откажал. Тој многу се променил откако го киднапирале. Претходно тој бил
нормално овчарско куче кое живеело спокојно во една вила. Кога го киднапирале
тој станал поопасен, нападен, суров.
Бак бил упорен, храбар, бестрашен кој успеал да се
справи со поларните кучиња и хаските , кои често го напаѓале. Тие кучиња кои
биле пораснати таму умирале од глад и студ во споредба со Бак кој го надминал
сето тоа и дури и тој кога се борел со тие кучиња ги искористувал и последните
сили не се откажувал така лесно , бил храбар и бестрашен. После сите тие
настани тој го стекнал најдобриот пријател меѓу сите тие поларни кучиња.
Неговиот најдобар пријател се викал Џон Тортон. Тој поминува многу време со Бак
но подоцна за време на еден напад од Индијанците Бак го губи својот најдобар
пријател Џон Тортон. Бак успеал да се спаси од нападот и се обидел да го спаси
и Тортон но не успеал. Многу тагувал. После овој настан Бак станува водич на
глутница волци со црни муцки кои се бореле со овчарските кучиња и најхрабрите
ловци.
На крајот, Бак, конечно си го наоѓа својот дом. Местото каде
што треба да живее, под поларните сончеви зраци, во густите шуми со сојот на
шумските волци. Секако на Бак му било тешко кога му се враќаше сликата на големата
вила на судијата Милер, во сончевите зраци на Санта Клара, играта со децата на
неговиот сопственик, прифаќаји ја суровата реалност за преживување. Авторот Џек
Лондон, со овој прекрасен роман богат ритам на авантуристичност и суровост,
сака да ни каже дека дури и да си го смениме местото на живеење, да одиме до
другиот крај на светот, ние сепак ќе тагуваме за нашата незаборавна природа од
каде што потекнуваме.